Complete realization from an idea to a final product.

Компанијата Интекс & Ко е директен наследник на фирмата Интекс.

Интекс е компанија основана во 1968мата година како фирма носител на текстилното производство во Македонија. Основна дејност на тогашната фирма Интекс е развојот на текстилната индустрија во Македонија, производство и извоз на текстилни производи од Македонија како и лон работа.


По реструктуирањето и приватизацијата во Македонија, континуитетот на фирмата Интекс го превзема компанијата Интекс & Ко.


Централата на команијата

Централата на команијата Интекс & Ко е стратешки поставена во главниот град на Р. Македонија од каде што се раководи со целокупното производство на текстилни производи лоцирано во источниот дел на земјата. Преку своето претставништво стационирано во Менхенгладбах, Германија, Интекс & Ко значително ја подобри и олесни комуникацијата со западно европскиот пазар. Преку овој проект се изврши дополнително консолидирање на македонската текстилна индустрија на интернационалниот пазар како и надминување на просторната оддалеченост и се овозможи постојан контакт со интенационалните партнери на компанијата




Компанијата Интекс & Ко е директен наследник на фирмата Интекс.

Интекс е компанија основана во 1968мата година како фирма носител на текстилното производство во Македонија. Основна дејност на тогашната фирма Интекс е развојот на текстилната индустрија во Македонија, производство и извоз на текстилни производи од Македонија како и лон работа.

Интекс & Ко е една од ретките фирми во Македонија која го поседува Öko-Tex 100 стандардот.

Како full-service компанија, Интекс & Ко успешно ги застапува потребите на многу реномирани странски компании на Германскиот, Холандскиот, Францускиот и Швајцарскиот пазар. Нашите производи се дел од асортиманот на едни од најпознатите фирми како што се: Witt Weiden, Baby Butt, Baby Walz, Prenatal, Bader и др.

Постојаниот стремеж кон усовршување, надградба и развој како на производствениот погон така и на својот персонал им овозможува на нашите клиенти висококвалитетни производи и услуги, зголемена профитабилност и уникатни производи кои со својата перфекција се издвојуваат од својата конкуренција.

По реструктуирањето и приватизацијата во Македонија, континуитетот на фирмата Интекс го превзема компанијата Интекс & Ко Главната дејност на компанијата е синхронизацијата и производството на финалните текстилни производи притоа запазувајќи ги сите ЕУ стандарди и норми. Преку својот дизајнерски тим се овозможува комплетна реализација од идеја до финален производ.